Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Министерство за здравство: Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата.

-Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и придонесува за подобро здравје и на мајката и на детето, наведуваат од Министерство за здравство.

Согласно препораките на Комитетот за доење, УНИЦЕФ и СЗО, се препорачува исклучиво доење во првите шест месеци од животот, а потоа продолжување со доење, заедно со соодветна дополнителна исхрана, до две години или подолго, во согласност со потребите на детето и желбата на мајката, додава Министерството.

Реклама

-Министерството за здравство останува посветено на унапредување на здравствените политики што обезбедуваат поддршка за доењето, преку јакнење на капацитетите на здравствените установи, едукација на здравствените работници и континуирана поддршка на бремените жени, мајките и нивните семејства, посочуваат оттаму.

По повод Светската недела на доењето, Министерството повикува на заедничка одговорност и поддршка од здравствените работници, институциите, работодавачите, семејствата и целата заедница, бидејќи создавањето услови за успешно доење е инвестиција во здравјето на сегашните и идните генерации.