Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Министерот за правда Шасивари ја потврди заложбата за унапредување на соработката со Јапонија

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара, при што беше потврдена заедничката определба за понатамошно унапредување на билатералната соработка и пријателските односи меѓу двете држави.

Во текот на разговорите, како што соопшти Министерството за правда, акцентот бил ставен на реформската агенда, зајакнувањето на владеењето на правото и активностите поврзани со изборното законодавство.

На средбата било оценето дека  меѓу двете земји нема отворени прашања, што претставува цврста основа за натамошно продлабочување на партнерството.

Реклама

– Во наредниот период ќе се интензивира размената на искуства и добри практики, како и поддршката на реформските процеси насочени кон зајакнување на правната сигурност и унапредување на демократските стандарди, се додава во соопштението