Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ќе учествува на Парискиот сајбер самит

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во следните два дена ќе престојува во официјална посета на Париз, Франција, каде што ќе учествува на Парискиот сајбер самит (Paris Cyber Summit 2026), еден од најзначајните меѓународни форуми посветени на сајбер безбедноста, вештачката интелигенција и дигиталната трансформација, информираат од Министерството.

Програмата на самитот е фокусирана на стратешки дискусии за актуелните безбедносни предизвици во дигиталниот простор, развојот на вештачката интелигенција и зајакнувањето на дигиталните капацитети на државите.

Во рамки на посетата, министерот Андоновски ќе учествува на министерска тркалезна маса во Францускиот Сенат на тема „Градење на сајбер капацитети во Западен Балкан под постојана закана“, заедно со министрите и високите претставници од земјите од Западен Балкан. Дискусијата ќе биде посветена на зајакнувањето на националните и регионалните сајбер капацитети, соработката меѓу институциите, заштитата на критичната инфраструктура, справувањето со хибридни закани и усогласувањето со европските стандарди во областа на сајбер безбедноста.

Реклама

На тркалезната маса министерот Андоновски ќе ги претстави македонските искуства, постигнатиот напредок и тековните приоритети во областа на сајбер безбедноста, со посебен акцент на имплементацијата на стратешките и законските рамки, јакнењето на институционалните капацитети и унапредувањето на регионалната соработка како клучен предуслов за поголема отпорност и ефикасен одговор на современите сајбер и хибридни закани.

Во рамки на официјалната посета на Париз предвидена е и средба со француската министерка за вештачка интелигенција и дигитализација, Anne Le Hénanff, на која делегациите од земјите учеснички ќе имаат можност да ги претстават своите главни достигнувања како и можностите за продлабочување на соработката со француските институции, размена на добри практики и развој на заеднички иницијативи во областа на дигитализацијата, сајбер безбедноста и примената на вештачката интелигенција.

Според Министерството, учеството на Македонија на Парискиот сајбер самит претставува уште една потврда за посветеноста на државата кон унапредување на дигиталната трансформација, зајакнување на сајбер отпорноста и продлабочување на меѓународната соработка во областите кои се од клучно значење за безбедниот и одржлив дигитален развој.