Реклама

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Македонија

Министерот Муртезани оствари средба со координаторката на ОН во Македонија, Рита Колумбиа

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со постојаната координаторка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обидинетите нации во Макеоднија, Рита Колумбиа, на која беше реафирмирана повеќе од дводецениската блиска соработка помеѓу Македонија и агенциите на ОН во земјата. Министерот Муртезани упати благодарност за партнерството коешто го поддржува патот на земјата кон ЕУ интеграција и инклузивен развој, имајќи предвид дека иницијативите на ОН се тесно усогласени со реформските цели на Македонија.

Министерот Муртезани, исто така, ја истакна улогата на агенциите на ОН, особено UNOPS и UNDP, во справувањето со значајни предизвици и во унапредувањето на клучни проекти финансирани од меѓународни партнери. Тој подвлече дека нивното учество во работните групи предводени од Владата го зајакна координирањето на донаторите, осигурувајќи ефикасна употреба на ресурсите за поддршка на приоритетите на Македонија за ЕУ интеграција.

Соговорниците се осврнаа и на стратешките приоритети на ОН во Македонија, дефинирани во Рамката за одржлива развојна соработка 2021-2025, кои ги опфаќаат одржливиот и инклузивен економски и социјален развој, климатските промени, управувањето со природните ресурси и ризици од катастрофи, како и транспарентното и отчетно демократско управување.