Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Министерот Лимани во Дебар: Ќе продолжиме да градиме систем кој е ефикасен, достапен и близок до граѓаните

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска престојуваше во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денеска престојуваше во Дебар, каде што ги посети Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, детската градинка „Брешија” и имаше средба со градоначалникот Фисник Меља. 
 
На средбата со директорката на Меѓуопштинскиот центар Арлинда Муладаути – Телќиу и разговорот со вработените беше  запознат со тековните активности и предизвиците со кои се соочуваат социјалните работници во нивната секојдневна работа. 
 
Според него, социјалните работници се клучен столб на нашиот систем на социјална заштита, а нивната посветеност, професионалност и човечки пристап имаат директно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните, особено на најранливите категории. 


 
– Како Министерство, остануваме целосно посветени на континуирано вложување во јакнење на капацитетите, условите за работа и поддршката на социјалните работници, затоа што тие се првата линија на поддршка за многу семејства и поединци. Ќе продолжиме да градиме систем кој е ефикасен, достапен и блиску до граѓаните – систем кој се темели на човечност, солидарност и професионализам, изјави Лимани. 

 
Прашања од социјалната и детската заштита, како и потребата од посилна и поефикасна поддршка за младите во општината, биле во фокусот на средбата со градоначалникот Фисник Меља. 
 
– Посебен акцент ставиле на унапредување на локалните услуги и изнаоѓање заеднички решенија кои ќе одговорат на реалните потреби на граѓаните, особено на ранливите категории и младата популација. Заедничкиот став е  посветено да работат за посилна социјална заштита, подобра грижа за децата и повеќе можности за младите, објави Општина Дебар. 

Реклама


 
Посебен пречек со богата програма му приредија најмладите во детската градинка „Брешија”. 
 
-Вложувањето во децата е најголемата и највредна инвестиција што ја правиме како општество. Тоа е инвестиција во иднината, во развојот и во достоинствениот живот на секое дете. Затоа продолжуваме посветено да градиме систем кој ги става децата на прво место, изјави министерот Лимани. 
 
Додаде дека подобрувањето на условите и проширување на капацитетите за предучилишно воспитание и образование, е наш приоритет, со цел секое дете да добие еднаков и навремен пристап до грижа, воспитување и развој.