Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата  

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети дебарската Општа болница со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска ја посети дебарската Општа болница со проширена дејност, од каде го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата. 

Тој беше и првиот „пациент“, а како што нагласи, ваков настан денеска се случува и во Делчево, кои се избрани денеска како пилот-проекти поради оддалеченоста од поголемите градови, но и недостигот на специјалисти од оваа медицинска гранка. 

– Дебар како значаен град лично за мене, за Министерството и за нашата Влада е одбран поради две причини, прво, имаме недостиг на експерти дерматолози во Дебар имајќи предвид дека дерматолошките промени се во пораст во земјата и пошироко и, второ, дистанцијата што постои меѓу терцијалното здравство во Скопје и секундарното здравство во Дебар. Сметаме дека овој чекор и овој пилот-проект, за наша среќа, веќе резултира позитивно – рече Алиу. 

Реклама

Следната тримесечна фаза, додаде, ќе биде акредитација на институциите за телемедицина, што значи дека прва акредитирана установа ќе биде дебарската болница и сертифицирање на сите доктори и медицински сестри што ќе се занимаваат со телемедицина.

Најави дека од следната седмица во Дебар секој вторник ќе има теледерматологија и упати апел до сите граѓани да се јават во кабинетот доколку имаат потреба од дерматолошки преглед. 

Задоволство од почетокот на овој пилот-проект искажа и директорот Мерсим Колеци. 

 – Убеден сум дека во блиска иднина кусокот на кадар што го имаме во некои специјалности ќе можеме да го прошириме со овој проект на телемедицина, со цел пациентите да може да добиваат што повеќе здравствени услуги во Дебар и да не патуваат во други градови – рече Колеци. 

Градоначалникот Фисник Меље оцени дека ова е голем чекор за Дебар имајќи ја предвид оддалеченоста од клиниките. 

– Ова е многу значаен чекор почнувајќи од пилот-проектот за дерматовенерологија. Голема благодарност до министерот Алиу што го избра Дебар. Се надевам дека ќе биде олеснување за сите граѓани од Дебар и поширокото подрачје,- рече тој.

Општата болница нуди здравствени услуги за граѓаните на општините Дебар, Центар Жупа и по потреба за оние од подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.