Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

Министерот Алиу вели дека се работи на процесот за трајно вработување на хонорарците во тетовската болница

За луѓето со договор на дело кои во декември 2025 останаа без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За луѓето со договор на дело кои во декември 2025 останаа без трајни вработувања во Клиничка болница Тетово продолжува процесот со цел и за нив да се обезбеди решение за постојан работен статус. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу за тоа што ќе се случува со 40-тина лица медицински персонал и технички кадар кои во јануари и февруари одат на работа и без договор на дело.

– Процедурите после Нова година значи во новата фискална година се дека треба да бараат институциите мислење до нас, до Фондот и до Министерство за финансии. Тоа веќе директорот го направи, процедурите се во тек завршен и ценам за кратко време, ако не е веќе и завршено ќе треба да се потпишат договорите. Исто така, напомнувам дека тие договори, ние работиме да бидат трајно вработени се со цел да може да инвестираме во човечки капацитети и тие да бидат спокојни има некоја политичка промена тие ќе бидат дел од здравството и нема да зависат и да бидат злоупотребени уште еднаш за жал како што беа досега злоупотребени, рече министерот за здравство Азир Алиу.

По вчерашната акција за заплена на марихуана и медицински канабис во Скопје, министерот Алиу одговори дали Министерството за здравство ги контролира приватните фирмите кои добиваат нивна лиценца за работа со ваков вид на медицински материјали. Тој рече дека Министерството за здравство по давањето на такви лиценци и дозволи врши редовни и повремени контроли.

Реклама

– Според нашите протоколи секои три месеци редовно мора да ги известуваат нашите канцеларии, нашата институција, приватниот сектор којшто произведува таков тип на производство. Од наша страна, исто така со Инспекторатот имаме годишен план но имаме и ад-хок посети, ако тоа е потребно. Вториот дел, дали излегуваат надвор и како тоа се пренесуваат една во друга институција според протоколите мора да не информираат. Но, ако е надвор од тие протоколи, ние не сме надлежни како институција, тоа е надлежно Министерството за внатрешни работи, посочи Алиу.