Реклама

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Македонија

Министерот Љутков утре на изгрејсонце на локалитетот Кокино по повод летната долгодневица

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре на изгрејсонце на Археоастрономската опсерваторија Кокино ќе присуствува на настанот „Летна долгодневица 2026 на Кокино“.  Настанот се организира по повод летната долгодневица – денот кога Сонцето го достигнува својот највисок годишен пат и го означува најдолгиот ден во годината. Како што соопшти Министерството за култура и туризам, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре на изгрејсонце на Археоастрономската опсерваторија Кокино ќе присуствува на настанот „Летна долгодневица 2026 на Кокино“. 

Настанот се организира по повод летната долгодневица – денот кога Сонцето го достигнува својот највисок годишен пат и го означува најдолгиот ден во годината.

Како што соопшти Министерството за култура и туризам, посетителите ќе имаат можност да го проследат изгрејсонцето на едно од најзначајните археолошки и астрономски локалитети во земјата, препознатливо по својата историска, научна и туристичка вредност.

Реклама

-Присуството на министерот ја потврдува посветеноста на Министерството за култура и туризам кон заштитата, промоцијата и валоризацијата на културното наследство и неговото интегрирање во современата туристичка понуда на државата, се наведува во соопштението на Министерството.