Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Министерот Љутков ќе го најави Саемот за туризам: рурални домаќинства

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција ќе го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција ќе го најави претстојниот Саем за туризам: рурални домаќинства во Македонија, што ќе се одржува викендов во Скопје.

На прес-конференцијата ќе зборуваат и директорот на Земјоделскиот институт – Скопје, Душко Неделковски, амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер, како и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на Швајцарија, Михал Харари.

Претставени ќе бидат целите, програмата и значењето на Саемот за туризам, со посебен акцент на развојот на руралниот туризам, поддршката на руралните домаќинства и домашните производители на органски производи, како и на меѓународната соработка во оваа област.

Реклама

Саемот утре и задутре, на 31 јануари и 1 февруари, на едно место ќе ги обедини најавтентичните рурални приказни од Македонија, ќе ги приближи руралниот и искуствениот туризам до пошироката јавност и ќе покаже дека патувањето не е само дестинација, туку и доживување, поврзување и учество во секојдневниот селски живот. Ќе ги претстави малите рурални домаќинства со капацитет до 20-ина легла, автентичните семејни винарници со можност за групни и индивидуални дегустации, ресторанските услуги и сместувањето, но и земјоделските и руралните бизниси, кои, како што велат организаторите, нудат мир, природна убавина и топло селско гостопримство.

Презентирани ќе бидат органски производи, традиционални преработки, локални деликатеси, вина и ракии од разни региони на земјата, со цел промоција на локалното производство и директно поврзување на посетителите со производителите.

Предвидена е богата програма наменета за домашни и странски посетители, туристички професионалци, семејства и за сите љубители на автентични рурални доживувања, а влезот е бесплатен.

– Посетителите ќе може да се информираат за можностите за краток и подолг престој и да откријат вистински рурални доживувања – месење пита, печење леб на традиционален македонски начин, адреналински активности во природа, часови по традиционално готвење, берење јаболка и други автентични искуства, наменети за сите генерации. За љубителите на природата, добрата храна и врвните вина, искуствениот туризам е многу подобра алтернатива од масовниот туризам, кој најчесто нуди брзи и површни посети. Искуствениот туризам создава подлабока, поискрена и подолготрајна релација меѓу посетителот и местото, им овозможува на туристите да станат дел од секојдневието на локалната заедница – да учествуваат во подготовка на традиционална храна, да научат занает, да слушнат лични приказни и да доживеат култура што не може да се најде во туристички брошури или во големите хотелски комплекси, каде што посетителот е само бројка – истакнуваат организаторите.

Ваквиот пристап, според нив, носи повеќекратни придобивки: поквалитетно туристичко искуство, поддршка на локалната економија, зачувување на културното наследство и помал притисок врз природните ресурси создавајќи одржлив модел на туризам што им користи и на гостите и на домаќините.

За време на саемот сите посетители ќе добијат ваучер со 15 отсто попуст и на производите и на услугите што руралните домаќинства ги нудат. Покрај попустите, посетителите ќе имаат можност да дегустираат органски производи, вина, ракии, традиционални специјалитети и домашни преработки од разни региони на Македонија директно од луѓето што ги одгледуваат, произведуваат и создаваат.

– Секој производ носи своја приказна, регионален идентитет и знаење пренесувано на генерациите. Овој саем е дел од пошироката визија за одржлив и креативен туризам, развој на туризмот по должината на трасата Е-75, развој на руралните средини и акцентирање дека посетителот во Македонија не е само гостин, туку активен учесник – некој што останува подолго, учи, вкусува и се поврзува со местото и луѓето – наведуваат организаторите.

Саемската програма е збогатена со музички и стендап-перформанси, како и со детски катчиња.

Во рамките на саемот ќе бидат достапни детаљни информации за организирани активности во руралните домаќинства, настани во природа за групи и поединци, гастрономски и вински пакети, оригинални работилници за деца и возрасни.

Саемот за туризам: домаќинства во рурални средини е организиран од „Јавна соба“ – Скопје, Министертвото за култура и туризам, Земјоделскиот институт – Скопје, Амбасадата на Република Словенија и швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.