Онлајн водич за квалификации – www.kvalifikacii.crso.gov.mk, платформа изработена со поддршка на Швајцарската амбасада, која треба да им го олесни изборот на основците при упис во средно образование, ќе биде промовиран денеска во Министерството за образование и наука.
Водичот ќе го промовираат министерката за образование и наука Весна Јаневска, заменик – амбасадорката на Швајцарија, Михал Харари и директорот на Центарот за развој на стручното образование, Бесник Зендели.
