Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Минимална соработка на бизнис план помеѓу земјите од Западен Балкан

Земјите од регионот речиси и да не извезуваат меѓу себе. „ Комшијата…

Сподели:

Земјите од регионот речиси и да не извезуваат меѓу себе. „ Комшијата “ е прв пријател но оваа фраза очигледно не важи во трговската размена. Интрарегионалниот извоз изнесува само 14 отсто, наместо меѓу себе, се извезува во ЕУ-  Во бројки – пет пати повеќе се извезува во Унијата отколку во земјите на ЦЕФТА (Албанија, БИХ , Македонија, Молдавија, Србија, Ксово и Црна Гора) . Македонија најмногу тргува со Србија, Босна и Херцеговина па на трето место е Албанија.

Причините за ова се бројни, од технички бариери, царински процедури, издавање сертификати вклучувајќи и фитосанитарни дозволи. Според бизнисот, земјите од регионот треба заеднички да пристапат кон европскиот пазар преку новиот план за раст на Западен Балкан, кој го презентираше Стопанската комора.

Извештаите на ЕК за напредокот на земјите од западен Балкан и на екомониите  посочуваат дека регионот фактички сеуште не го има достигнато нивото на функционална пазарна економија која што може да се справи со пазарните сили и конкурентските притисоци кои доаѓаат од ЕУ . И покрај позитивните  поместувањата во периодот сепак GDP  просекот по глава на жител во регионот останува речиси една четвртина од просекот на 27 членки на ЕУ , вели Влатко Стојановски портпарол на Стопанска комора.

Реклама

„Отворен Балкан“ како иницијатива, очигледно не помогна многу во надминување на бариерите иако беше склучена за побрз проток на капитал и стоки.

Еден од начините за да се олесни пристапот до моќните европски пазари е пристапување кон единствениот систем на плаќање СЕПА за што Македонија поднела апликација во април, како и воспоставување на зелени коридиори кои сега ги има само од ЕУ кон земјите, но не и во обратен правец. На домашен терен техничките бариери на граничните премини се сериозен предизвик,  на пример на одредени премини фитосанитарните инспектори работат само во една смена, а инспекторот ако е итно може да се викне на повик. За ова  Стопанската комора апелира  да се најде побрзо решение.

Како главни трговски бариери во надворешната размена се посочуваат административни и царински процедури, безбедносни барања и сертификати вклучувајќи ги тука и фитосанитарните мерки и техничко – трговски бариери Да се направат напори да се унапреди и тоа преку овој акциски план, постојат и нетарифни бариери, фитосанитарни дозволи, треба да се поработи постојано, вели Стојановски.

Инаку, според официјална статистика, во периодот јануари – април 2024 година, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.