Реклама

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Судењето на единствените двајца осудени за модуларната болница се враќа на почеток – Правната фела не е изненадена

Светски ден на штедење – Во банките се чуваат 7,5 милијарди евра, но „перницата“ и натаму приоритет за добар дел граѓани

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Македонија

Минчев: Во завршна фаза новиот закон за употреба на јазиците на етничките заедници

Како коалиција веќе сме во завршна фаза на нов закон за употреба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како коалиција веќе сме во завршна фаза на нов закон за употреба на јазиците на етничките заедници,  вели Горан Минчев, министер за јавна администрација и генерален секретар на Движењето ЗНАМ за наша Македонија.

Минчев вечерва во гостување во „Тема на денот“ се осврна на очекувањата за вториот изборен круг на локалните избори истакнувајќи оти не верува дека има атмосфера на неподдршка во рамки на коалицијата, по укинувањето на алатката „Балансер“, којашто истакна дека е одлука на Уставниот суд.  

– Не сме ускратиле ние, тоа е одлука на Уставниот суд. Ние напротив, како коалиција веќе сме во завршна фаза на еден нов закон каде ќе има употреба на јазиците на етничките заедници, кој во овој момент е во Венецијанската комисија. Така што тоа е само перцепција. Не верувам дека ќе има атмосфера на неподдршка во рамки на нашата коалиција, но тоа е и плод на минатите парламентарни избори каде што ДУИ со својот пи-ар  и нашата конкретна политика дека ДУИ е неприфатлив партнер во Владата, наметна таков став во јавноста што апсолутно не е така. Безброј пати докажавме дека градиме држава за сите граѓани од која било етничка заедница и се гордееме со тоа. Во прилог на тоа беше и нашата платформа што ја предложивме за единство не само на македонскиот народ туку и на сите етнички заедници, рече Минчев. 

Реклама

Тој очекува до крајот на годинава да биде изгласан и законот за висока раководна служба.

– Првиот пакет четири закони веќе го донесовме, сега имаме нови три.  Во правда интензивно се работи, министерот прави одлична работа, таму има пакет од 22 закони коишто се во разични фази на донесување. Министерството за јавна администрација оди со пакет на три нови закони, за висока раковдона служба, за плати и за органзиација на државата служба што се носи со двотретинско мнозинство. Мисла дека до крајот на годинава ќе успеме да го донесеме законот за висока раководна служба, рече Минчев.