Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Минчев: Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции, управните одбори се сведуваат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема веќе доживотни функции и недопирливи позиции, управните одбори се сведуваат на три члена, а статусот в.д. станува исклучок строго временски и правно ограничен, рече денеска министерот за јавната администрација Горан Минчев, презентирајќи го Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите.

На јавна дебата за Предлог-законот, Минчев напомена дека со предвиденото решение прв пат се воспоставува единствена и кохерентна рамка за уредување на највисоките државни раководни функции – кој, како и под кои услови ги води клучните институции.

-Прв пат се воспоставува единствена, јасна и системска рамка за именувањето, мандатот, одговорноста и разрешувањето на највисоките раководни позиции во администрацијата. Воведуваме појасни и унифицирани критериуми за избор на директори, државни секретари и членови на колегијални органи на државната управа, но и за членови на управни одбори за кои досега не постоеја речиси никакви правила, подвлече Минчев.

Реклама

Според него, мерит принципот станува правило, а не исклучок – оној што раководи ќе мора да знае, да може и да одговара.

Законското решение предвидува транспарентна постапка за именување на високо раководните функционери, но и јасно ги уредува мандатите и го ограничува изборот.

-Позицијата веќе не е титула, туку одговорност. Раководителите ќе имаат јасна обврска да испорачуваат резултати, потенцира Минчев.

Предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите од 31 декември е на ЕНЕР.

-Кога зборуваме за реформи во јавната администрација мислиме на суштински промени во чие спроведување се вклучени сите засегнати страни. Дијалогот, а не наметнувањето е единствениот пат за носење квалитетни решенија, рече министерот.

На јавната дебата, покрај директори на институции и раководни лица, присутен е и генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.