Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Минчев: Македонија полека, но сигурно се препознава како лидер на реформите во регионот

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го заокружи учеството на Министерската конференција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, го заокружи учеството на Министерската конференција во Будва, одржана во рамки на Берлинскиот процес, со низа билатерални средби со свои колеги и високи претставници од регионот и од Европската Унија, со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во клучните реформски области.

Како што соопшти Министерството за јавна администрација, во фокусот на разговорите беа реформите во јавната администрација, кои Минчев ги потенцира како суштински предуслов за напредокот на државата кон Европската Унија. Тој нагласи дека станува збор за процес што оди подалеку од административни прилагодувања, односно за темелна трансформација на институциите во ефикасен сервис на граѓаните.

На билатералната средба со министерот од Косово, Лулезон Јагџиу, беше отворена дискусија за конкретни решенија и практики кои веќе даваат резултати, при што министерот Минчев ја истакна важноста од регионалната соработка и заемното учење. Тој изрази задоволство што реформските процеси во Македонија се повеќе се препознаваат како позитивен пример во регионот.

Реклама

Во разговорите со генералниот секретар во Министерството за јавна администрација на Република Грција, Јанис Фустанакис, беа разгледани можностите за развој и унапредување на Академијата за јавна администрација, како и за воспоставување поинтензивна соработка со нивниот Национален центар за јавна администрација.

Дополнително, на средбата со Франческо Леоне, советник на министерот за јавна администрација на Италија, фокусот беше ставен на јакнење на капацитетите на административните службеници и продлабочување на соработката преку програмите на Националната школа за јавна администрација на Италија.

Со овие активности, министерот Минчев уште еднаш ја потврди позицијата на Македонија како активен и кредибилен партнер во регионалните и европските процеси, стои во соопштението од Министерството за јавна администрација.