Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Минчев: Илинден е трајна обврска да ја чуваме државата и да градиме силни институции

Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка до граѓаните по повод…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација Горан Минчев упати честитка до граѓаните по повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, истакнувајќи дека овој празник е најсветлиот симбол на македонската државност, слободарскиот дух и вербата во сопствената иднина.

-Илинден е најсветлиот симбол на нашата државност, слободарскиот дух и непоколебливата верба во сопствената иднина. На овој голем празник со длабока почит им оддаваме признание на сите што се бореа за слободна Македонија, како и на историското Прво заседание на АСНОМ, со кое беа поставени темелите на современата македонска државност. Илинден не е само спомен, тоа е трајна обврска да ја чуваме државата, да го негуваме единството и да работиме за општото добро. Секоја генерација има своја задача, да ги продолжи идеалите на слободата, правдата и достоинството, со одговорност, чесност и посветеност, истакнува Минчев во честитката.

Министерот нагласува дека силна држава се гради со силни институции и со луѓе кои совесно ѝ служат, додавајќи дека Министерството за јавна администрација останува посветено на создавање професионална, ефикасна и транспарентна јавна администрација, која ќе биде вистински сервис на граѓаните и ќе го штити јавниот интерес.

Реклама

-Нека Илинден не обедини околу она што е најважно, љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и одговорноста кон иднината. Да продолжиме заедно да градиме држава во која ќе владеат правдата, знаењето, солидарноста и еднаквите можности за сите. Нека е честит 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, порачува министерот за јавна администрација Горан Минчев.