Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Милошоски: Веројатно Груби проценил дека нема да има брзи политички промени во власта во земјава

Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за време на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за време на гостувањето на една телевизија, се осврна на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој денеска беше уапсен на еден од граничните премини, а за кој имаше  меѓународна потерница уште од декември 2024 година. По однос на ова Милошоски вели дека во Собранието во земјава немало никаква информација за него, иако според него, Груби самиот ја проценил ситуацијата дека нема да има промени во власта во земјава. Како што вели тој, станува збор за функционер кој се најде на црната листа на САД, и затоа ниедна земја не би била гостопримлива да му овозможи престој.

,,Политички ако се разгледа самото негово однесување, па и ако се поврзе со однесувањето на ДУИ во изминатиот период. Веројатно во изминативе 12  или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени во однос на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше после поразот нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на господинот Груби да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот“, рече Милошоски.

Според него, овде станува збор не само за лице кое што е осомничено од македонското јавно обвинителство, туку како што вели тој, се работи за функционер којшто се најде на црната листа на САД.

Реклама

 ,,Било која земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена таквото гостопримство да му го овозможи бесконечно. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап на таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен“, истакна Милошоски.

Милошоски порача дека власта смета оти е време за одговорност, без да прејудицира како ќе започне или заврши процесот. Тој вели дека немало никаква информација во однос на предавањето на Артан Груби.

,,Во Собранието не сме имале таква информација, но политичките проценки што сме ги имале вака како владеачко мнозинство, особено после изборите и во Косово информирањето таму на една постабилна влада со која што господинот Груби, можам  да кажам ете и нема некои најдобри релации, проценките беа дека порано или покасно ќе се појави пред органите на прогонот“, заклучи Милошоски.