Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Милошоски пред состанокот за изборното законодавство: Дијаспората треба да гласа, би прифатиле предлог за јавното финансирање на партиите

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за гласање на дијаспората електронски или по пошта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за гласање на дијаспората електронски или по пошта и подготвена е да даде поддршка за јавното финансирање на политичките партии, предлог што доаѓа од Левица и ДУИ – изјави претпладнево Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието и претставник на ВМРО-ДПМНЕ во работната група за реформи во изборното законодавство која треба да се состане во 11 часот во Министерството за правда. Милошоски потврди дека владеачката партија исто така доколку се постигне консензус ќе го прифати предлогот за една изборна единица. 

– ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на овој работен состанок со конструктивен и аргументиран пристап со цел да го доведеме до крај овој процес на усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, осовременување на Изборниот законик и нормално со што е можно поширок политички консензус. Но точно е дека има два проблеми. Едниот проблем е тоа што СДСМ одлучија да го бојкотираат овој процес и тоа претставува хендикеп, без разлика дали нивната одлука е поврзана со внатрепартиски случувања или со нивен став кон актуелното владејачко мнозинство и втората тема која исто така се наметнува е неусогласеното однесување на Левица кон средствата кои се наменети за политичко рекламирање во политичка кампања. Ние во предлог законот веќе прифативме тоа што беше понудено како компромис од Левица и ДУИ заеднички, и сега гледаме дека тој предлог се проблематизира, но како ВМРО-ДПМНЕ спремни сме што и да договорат ДУИ и Левица заеднички да дадеме поддршка во однос на јавното финансирање. Единствената наша замолница е уставно загарантираното право секој државјанин да може да го оствари правото на глас, вклучително и дијаспората да биде испочитувана и со новата технологија на еден посовремен начин електронски или поштенски да им биде олеснет начинот на гласање на оние кои се државјани на Македонија, а не се резиденти на државата – рече Милошоски. 

Во однос на барањето за една изборна единица, Милошоски рече дека доколку политичките партии постигнат консензус за земјата да биде една изборна единица ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи.  

Реклама

– Ние и на претходните разговори како ВМРО-ДПМНЕ го искажавме нашиот став дека сме за една изборна единица и повеќе партии го делеа тој став. Но за жал, две – три политички опции беа против тој став, едните предложија осум изборни единици, друга политичка партија предложи три изборни единици, ДУИ предложи врзан праг од пет проценти како услов за една изборна единица. Беше забележително дека е тешко да се постигне консензус. Доколку се постигне консензус ние немаме никаков проблем да има една изборна единица – изјави Милошоски, кој денеска присуствуваше на настан во организацијата на државната ревизија.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: