Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Милошоски: Потребен е закон за Уставен суд и таквиот да биде поддржан од сите пратеници

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, во своето гостување во емисијата „Утрински брифинг“ говореше за тоа дека во Македонија е потребен закон за уставен суд и таквиот закон треба да биде поддржан од сите пратеници. Вели дека она што треба да биде принцип во постапката за избор на уставни судии, е секој кој што смета дека е истакнат правник да има право и сам да се пријави како кандидат и пријавите да не можат да се кријат.

Милошоски како пример за криење, наведе дека во мај 2020 година стигнало писмо од извесна Антоанета Димовска со 25 години судски стаж до Собранието, до Комисијата за избори и именувања и пратениците, со напомена дека треба да стигне до сите пратеници, но таков документ пратениците не добиле.

– Доколку биографијата ја добиеле пратениците од ВМРО, од СДСМ, од ДУИ, од независните пратеници, можеби некој ќе се заинтересирал и ќе дадел предлог. Но, очигледно е дека овде предлозите не се создаваат во Собрание, ниту пак биографиите кои толку многу сега ги величиме како да објаснуваат сѐ во животот на еден човек стручно или приватно – не се ценат. Нејзината биографија е фрлена во корпа, а е стигната, го имаме и архивското бројче и датумот кога е дојдена. Секој претседател на работно тело е должен, секој материјал кој ќе стигне до него, а не е личен, приватен материјал и се однесува на Собранието и пратениците мора да го сподели со пратениците. Ако вие како новинар нам ни понудите или имате некоја инвентивност за начинот државата да помогне во финансирањето на медиумите, јавни реклами, државни или јавно корисни реклами и тоа го доставите до претседател на работно тело, на комисија, тогаш комуникацијата не може да биде само меѓу вас како новинар и претседателот на Комисијата, тој е должен вашиот допис и предлог да го сподели со сите пратеници – кажа Милошоски.

Реклама

Милошоски додаде дека сите кандидати треба да добијат простор за нивно претставување и бидејќи има тројца кандидати кои се предложени од владејачкото мнозинство, а шестмина од опозицијата, веројатно ќе се оди со еден кандидат на власта, дискутирање за него и гласање, потоа двајца кандидати од опозицијата итн за да се заврши во еден догледен рок.