Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Прилози

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Важно е да се зголемува просечната плата во државата, но со исто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Важно е да се зголемува просечната плата во државата, но со исто темпо треба да расте и куповната моќ на населението. Откако Државниот завод за статистика покажа пораст на просечната плата во јуни од номинални 6,2%, односно реално за 2,9%, ако се земе предвид инфлацијата, аналитичарите велат дека работите се движат во добра насока. Сепак, додаваат дека она што најмногу ги интересира граѓаните е дали можат да си дозволат да купат повеќе од претходно или не.

„Покачувањето на просечната плата во 2026 година, која за разлика од 2025 година има покачување од 6%, звучи добро. Бројката звучи добро, и на бројката и на процентот. Но, секогаш кога има покачување, останува прашањето колку тоа кај нас, во џебот на граѓанинот, се рефлектира и колку тоа граѓаните можеме да си дозволиме да потрошиме, да ја покачиме сопствената куповна моќ за еден достоинствен живот или благосостојба“, изјави универзитетскиот професор, Иван Атанасовски.

Трендот мора да се промени, за луѓето да сакаат да работат повеќе во приватни компании, наместо во државни институции. Бројките покажуваат дека најголемо зголемување, од 10%, има токму кај платите во администрацијата, но она што радува е дека за 8% пораснале и примањата во секторите земјоделство, шумарство и водостопанство, а за исто толку и платите во транспортот.

Реклама

Аналитичарите сметаат дека најважно е Владата да продолжи да креира поволна деловна клима за компаниите да растат и да се развиваат, а согласно тоа и да вработуваат нови луѓе и да ги зголемуваат платите.

„Проблемот е во некои приватни дејности, каде што има и значително стагнирање во целокупниот процент на покачување, што лично мене ми пречи. Би сакал покачувањата да бидат во приватниот сектор и, според тоа, нашите граѓани да се мотивираат не само да сакаат да се вработуваат во државниот апарат или во јавната управа. Како на Запад, луѓето да имаат мотив да се вработуваат во приватниот сектор, каде што реално платите треба да бидат повисоки отколку во јавниот сектор“, изјави универзитетскиот професор Иван Атанасовски.

Претходно, од бизнис-секторот рекоа дека зголемувањето на платите е реално, и тоа најмногу поради недостигот на квалитетен кадар за работа. Сепак, додадоа дека продуктивноста не го следи растот на платите и дека за тоа да се случи потребни се подобри услови за работа и поголема правна сигурност.

Во Македонија највисока просечна плата земаат вработените во секторот информации и комуникации – над 88 илјади денари. Најниски плати има во секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна – нешто над 34 илјади денари.

„6,4% звучи добро. Останува прашањето колку тоа се рефлектира во џебот и колку можеме да си дозволиме да ја зголемиме куповната моќ“, изјави Иван Атанасовски.

Проблемот е кај административните и помошните услужни дејности, каде што има покачување. Проблемот е во некои приватни дејности, каде што има стагнирање. Тоа ми пречи. Би сакал покачувањето да биде во приватниот сектор. Не само да сакаат да работат во државниот сектор, туку да имаат мотив да работат во приватниот сектор. Таму треба платите да бидат повисоки.

Компаниите треба да се натпреваруваат. Со промените на власта се врши дисбаланс кај некои компании. Без разлика на промената на власта, фирмите треба да си работат. Тие треба да создаваат услови луѓето да сакаат да се вработуваат во приватниот сектор.