Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Карпошово културно лето 2026 – исполнето со уметност, култура, традиција и заедничка дружба

Со богата уметничка програма и во духот на културата, творештвото и заедништвото,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со богата уметничка програма и во духот на културата, творештвото и заедништвото, свечено беше затворено Карпошово културно лето 2026.

Во рамките на завршната изложбена поставка, како што соопштија од локалната самоуправа, посетителите имаа можност да ги проследат делата на “Нерешките мајстори”, уметничките дела создадени во рамките на ликовната колонија, како и изложбата на скулптури од патувачката изложба „РеАрт“.

Посебно место заземаa плакатите посветени на творештвото на Горан Стефановски, кои преку визуелниот јазик нe потсетија на неговото исклучително книжевно и драмско наследство. На завршниот ден од затворањето на овогодинешното Карпошово културно лето, беа изложени макетите кои беа направени и шарено обоени од најмалите рачиња, во рамки на детската интерактивна работилница која се одржа во почетокот на оваа забавна манифестација.

Реклама

Целокупната изложбена програма беше проследена со прекрасните звуци на мандолинскиот оркестар на Ерхан Шукри, создавајќи посебна атмосфера за достојно заокружување на уште едно културно лето во Карпош.

На затворањето присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски во придружба на претседателот на Совет, Христо Саракинов. Во својот говор пред присутните, Лукровски се заблагодари на сите оние кои беа дел од оваа успешна приказна.

– Она што го најавивме како слоган, се претвори во вистинско доживување. Во изминатите денови уживавме во музички концерти, детски работилници, гледавме македонски филмови, започнавме да го цртаме муралот, се восхитувавме на уметноста, пеевме во хор, се забавувавме, бевме заедно и ширевме љубов низ Карпош – посочи Лукровски.

Првиот човек на општината напомена дека ова културно лето во Карпош, во фокусот беа македонските уметници, музичари и домашниот филм, како поддршка и промоција на домашното културното творештво, традиција и фолклор, наведуваат од Општина Карпош.