Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Македонија

Милошоски: Парламентарната соработка со Полска е важен придонес за унапредување на билатералните односи и европската интеграција

Делегацијата на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание оствари билатерална средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Делегацијата на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание оствари билатерална средба со делегација од Комисијата за прашања на Европската Унија при Сејмот на Република Полска во рамките на учеството на интерпарламентарната конференција на тема EU Enlargement: A Strategic Agenda for Europe’s Future, која се одржува во Тирана, Република Албанија.

На средбата потпретседателот на македонското Собрание и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, разговарал со Јарослав Валенса, шеф на полската парламентарна делегација, и со Томаш Глоговски, член на Комисијата за прашања на Европската Унија при полскиот Сејм. На средбата учестувале и Даниела Белимова, член на Комисијата за европски прашања, како и амбасадорот на Македонија во Република Албанија, Веле Трпевски.

Милошоски, како што соопшти собраниската прес-служба, истакнал дека парламентарната соработка претставува значаен придонес кон натамошното зајакнување на традиционално добрите и пријателски односи меѓу Македонија и Република Полска. Тој ги запознал полските соговорници со тековните процеси поврзани со европската интеграција на државата, како и со исполнувањето на реформските приоритети во насока на напредокот кон членство во Европската Унија.

Реклама

Во контекст на одличните билатерални односи меѓу двете земји, Милошоски ја нагласил важноста од продолжување на парламентарниот дијалог и размената на искуства, особено во делот на европските интеграции и реформските процеси.

Шефот на полската парламентарна делегација, Јарослав Валенса, истакнал дека Република Полска е подготвена и понатаму, како и досега, активно и посветено да соработува со Македонија и да ја поддржува во процесот на европска интеграција.

Валенса посочил дека е запознаен со предизвиците со кои се соочува нашата земја на патот кон Европската Унија, вклучително и со прашањата што имаат историски контекст, при што ја истакна подготвеноста за продолжување на отворениот и конструктивен дијалог и парламентарната соработка.

Соговорниците се согласиле дека интензивирањето на парламентарните контакти, размената на искуства и добри практики и заемната поддршка се од особено значење за натамошното унапредување на билатералните односи и европската перспектива на нашата земја.

Делегацијата на Комисијата за европски прашања, предводена од претседателот Антонијо Милошоски, во состав со членот на Комисијата, Даниела Белимова, придружувани од македонскиот амбасадор во Албанија, Веле Трпевски, учествува на интерпарламентарната конференција EU Enlargement: A Strategic Agenda for Europe’s Future, која се одржува денеска и утре во Тирана.

Во рамките на престојот во Тирана, за подоцна е предвидена и билатерална средба со делегација од Република Ирска, на која ќе се разговара за можностите за натамошно унапредување на парламентарната соработка, како и за прашања поврзани со европските интеграции и процесот на проширување на Европската Унија.

Конференцијата е посветена на унапредување на меѓупарламентарниот дијалог за проширувањето на Европската Унија, размена на парламентарни искуства и добри практики во областа на европската интеграција, како и на улогата на националните парламенти во поддршката на кредибилен, инклузивен и одржлив процес на проширување на Европската Унија.