Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Во Фокус“ на Алфа: Милионски бонуси за обвинителите од СЈО: Јанева и соработниците без отчет, истрагата продолжува

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра од државната каса,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра од државната каса, а никој не даде отчет за сработеното, ниту ги оправдаа фрапантните бонуси. Катица Јанева и нејзините чарлиеви ангели земаа милионски надоместоци за доверливост.

Шефицата Јанева неколку години земаше плата и 4000 евра месечно само за да молчи за прислушкувањата. Околу 100 илјади евра се офајдија и Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра.

Слични бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 85 илјади евра.

Реклама

Овие суми предизвикаа гнев кај народот. Мисијата на Катица и нејзините обвинители е завршена, но се уште нема епилог дали некој ќе понесе кривична одговорност за поделените милионски хонорари.

После неколку години топката почна да се одмотува.

Имено, вишиот обвинител Јово Цветановски кој одлучи Организиран криминал да продолжи да истражува, заработи дисциплинска постапка, а му се заканува уште една. Симптоматично, истиот ден кога ја донесе одлуката, државниот обвинител Коцевски го прати на дисциплинска поради резултатите од ревизијата во Вишото обвинителство. Цветановски, тврди дека дисциплинската е незаконска.

Во јавноста подолго време отворено се зборува дека државниот обвинител вршел притисоци за одлуката за бонусите на СЈО.

Имено, шефот на организиран Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО милионските хонорари. По ова, ВМРО ДПМНЕ се жалеше до Вишото обвинителство.

Сега на потег е шефот на Организиран, Ислам Абази. Но, државниот обвинител Коцевски не се согласува со одлуката на Цветановски, да се истражува делењето на бонусите. Тој најави уште една комисија која ќе истражува како Цветоновски донел одлука дека има сомнежи за криминал, а оштетена странка не била партијата ВМРО ДПМНЕ. Со ова неизвесно е дека вишиот обвинител Цветановски го чека уште една дисцплинска.

Адвокатот Дуковски е зачуден од ставот на државниот обвинител. Според него, Обвинителството треба да истражува и многу помали суми ако има сомнежи дека незаконски доделени, а не па вакви бонуси од милиони евра.

Инаку, СЈО на стартот се фалеше дека работи на 30 истраги во кои се опфатени 80 луѓе. Откако Катица Јанева беше фатена и седна на обвинителна клупа за милионски рекет, згаснаа и овластувањата на нејзините чарлиеви ангели.