Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев, одлучи вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги потврди одлуките што претходно денеска ги донесе ИК за со кои се избрани над 30 нови претседатели на општински комитети на партијата.  ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партискиот прес-центар по седницата на ЦК, се реструктуира […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се Миле Лефков, Бобан Стефковски и Зоранчо Јованчев, одлучи вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој ги потврди одлуките што претходно денеска ги донесе ИК за со кои се избрани над 30 нови претседатели на општински комитети на партијата. 

ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партискиот прес-центар по седницата на ЦК, се реструктуира и реорганизира за да донесе нови успеси за Македонија.

– Миле Лефков е пратеник во македонското Собрание, кој доаѓа од Кочани и претходно беше дел од извршниот комитет, е искусен и докажан кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Бобан Стефковски е актуелен градоначалник на општина Гази Баба, кој донесе историски најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник и претседател на општинскиот комитет. Човек од збор кој има реализирани голем број на проекти во интерес на граѓаните. Зоранчо Јованчев е пратеник во Собранието и поранешен претседател на ОК Кавадарци. Докажан кадар кој со своето искуство ќе придонесе кон нови победи на партијата,  велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Според одлуките на ЦК и ИК  на ВМРО-ДПМНЕ, избрани нови претседатели на над 30 општински комитети во четвртата и петтата изборна единица: 

ИЕ4

1. Росоман – Ѓорѓи Крстевски

2. Демир Капија – Андон Дрнев

3. Неготино – Павлинче Честојнова

4. Кавадарци – Тони Нешковски

5. Гевгелија – Димитар Вегов

6. Валандово – Јулија Тушевска

7. Богданци – Марјан Пеев

8. Дојран – Илија Тентов

9. Струмица – Методија Пасков

10. Босилово – Мито Андонов

11. Ново Село – Петар Марков

12. Василево – Славе Андонов

13. Конче – Ацо Митев

14. Радовиш – Бојан Митевски

15. Могила – Драганчо Саботковски

16. Кривогаштани – Александар Богданоски

ИЕ5

1. Демир Хисар – Ненад Шундовски

2.  Долнени – Сашко Велјановски

3.  Крушево – Пеце Стојчески

4.  Ресен – Кире Божиновски

5.  Охрид – Сашо Донев

6.  Дебарца – Златко Силјановски

7.  Струга – Ален Деребан

8.  Вевчани – Ѓорѓи Влајнкиноски

9.  Дебар – Афет Амедоски

10. Центар Жупа – Денис Хасан

11. Маврово и Ростуше – Мевмед Џафери

12. Пласница – Луме Адемоглу

13. Боговиње – Алишериф Синани.