Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изјавите и прес-конференциите што доаѓаат од СДСМ се збунувачки и на моменти чудни. Немаат цел да ја кажат вистината, туку да направат што поголема сензација со растурање пердуви и невистини надевајќи се дека на тој начин ќе остане сегашното раководство по следните парламентарни избори кога ќе доживеат тежок пораз – изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан од пратеникот Бојан Стојаноски како ги коментира обвинувањата и невистините што секојдневно стигнуваат од опозициската партија, посочувајќи го како пример демантот на тврдењата на опозицијата од самиот известител за Македонија од Европскиот парламент, Томас Вајц. 

Според претседателот на Владата, раководството на СДСМ не нуди конструктивна дебата, туку прави „внатрешна мобилизација за да остане во живот на следните парламентарни избори кога ќе имаат поголем пораз од 2024 година“. 

– Тоа го прават преку лажење, па кој поверува – поверува – рече Мицкоски.

Реклама

Наведе примери со кои СДСМ ја лажел јавноста – рече дека ширеле паника оти буџетот е празен и ќе нема плати и пензии, дека се зголемени долгот и буџетскиот дефицит и државата ќе банктотира. 

– Не само што не банкротира, туку според сите параметри, таа е држава за пример во регионот – изјави Мицкоски.

Како што рече, невистинити се покажале тврдењата на СДСМ дека во април ќе се доселат мигранти во согласност со стратешкиот договорот со Обединетото Кралство, дека поради ИПАРД, земјоделците се блокирани, за што, рече, дошол демант од ЕК од Брисел, исто како што и евроизвестителот Томас Вајц истиот ден ги демантирал обивнувањата од СДСМ во едно интервју.

– Тоа говори за длабоката психолошка состојба во која се наоѓаат. Кога ќе видите какви пораки праќаат и што зборуваат, загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ. Јавноста е сведок на кампања и речник што не ѝ прилега на политичката сцена во Македонија – истакна Мицкоси и рече дека можеби треба да се бара лекарско (уверение) за пристапување во органите на партиите. 

Рече дека ја предупредува македонската јавност дека во периодот што следува обраќањата од партиската говорница на СДСМ ќе бидат само со една цел – „по поразот на следните избори, да останат и да најдат некакво алиби дека изборниот процес не бил фер“.

– И да не ве зачуди ако воопшто и не учествуваат на тие избори, како што сега ја напуштаат комисијата за Изборниот законик. Можеби ќе кажат дека ќе нема фер избори, иако техничката влада ќе важи за следните избори. Но ќе ризикуваат да ги изгубат сите можности што им се нудат. Ако одлучиле така да се однесуваат, ние не може да им помогнеме, ние сме фокусирани на граѓаните – додаде Мицкоски.