Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Мицкоски: Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави

Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Задоволен сум од работата на директорот на Царинската управа, историски приходи и петкратно зголемени кривични пријави, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по денешниот настан во Филхармонијата по повод одбележувањето 34 години постоење на Царинската управа.

– Јас во своето обраќање ги истакнав поентите што мислам дека се значајни, исто така и директорот во своето обраќање имаше поенти коишто ја отсликуваат суштината на работењето на оваа Царинска управа под раководство на Бобан. За првпат е префрлен месец со наплата од 12 милијарди денари, што е, претставува за првпат, досега никогаш тоа не се случило, рекордна наплата на приходи од страна на Царината. Во делот на кривичните пријави, гледате дека има година, тоа беше 2025 којашто е за петпати побројна од просекот помеѓу 2017 и 2023. Тоа се навистина параметри коишто ја отсликуваат работата на Царината и бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата што претставува основа за успешна работа на Царината. И јас сум убеден дека во годините коишто следат Царинската управа така и ќе продолжи да работи, бескомпромисно кон криминалот и корупцијата, а посветено за граѓаните, одговори премиерот.