Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Ова е настан, кој е рамо до рамо со денот со денот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е настан, кој е рамо до рамо со денот со денот на прогласување на независноста, изјави премиерот Христијан Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот на Македонија со Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

– Тоа е уште една потврда дека тоа е настан кој што е рамо до рамо со денот на прогласување независност на државата затоа што со оваа признание од Советот на Европа дека се укинува постмониторингот Европа признава дека оваа држава е зрела демократија, дека се почитуваат човековите права и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава. И со тоа, практично ние сме единствената држава од Западен Балкан која сега нема никаков ниту мониторинг, ниту постмониторинг. Сите останати земји, вклучително и таканаречените фронтранери, се или во мониторинг или во постмониторинг. Јас сум благодарен на пратениците на македонскиот Парламент кои се дел од таа Мешовита комисија. Благодарен сум на Советот на Европа. Благодарен сум на Европскиот парламент и на сите  оние кои донесоа ваква одлука. Само ќе ве потсетам, пред три-четири месеци земја-членка на ЕУ излезе од постмониторингот, тоа е соседна Бугарија, рече Мицкоски  по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.

Премиерот нагласи дека оваа одлука докажува дека Владата ги почитува човековите права, демократијата, слободата на говорот…

Реклама

– Ова само уште еднаш покажува и докажува дека оваа Влада ги надмина сите претходни влади во делот на почитување на човековите права, демократијата, слободата на говорот итн. И тука не треба да застанеме. Треба уште повеќе да работиме и уште повеќе да испорачуваме, рече премиерот Мицкоски.