Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски за субвенциите: Буџетот е како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во последниве недела-две се ислатени околу 240 милиони денари субвенции за оние што се занимаваат со сточарство и пчеларство, истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за критиките од опозицијата.

-Тој процес ќе продолжи и понатаму. Буџетот е како никогаш досега, исплатата и дисциплината се како никогаш досега, долговите од минатото се вратени, тековни се исплатите. Така што ценам дека вака и ќе продолжи во периодот кој што следува. Ценам дека земјоделците треба да го добијат навремено тоа кое што го заслужуваат. Тутунарите добија историски највисока цена, 400 денари за откуп на тутун, се беше откупено од прва категорија. 100 денари дополнителна субвенција, повеќе од 20 милиони килограми, мислам дека 21-22 тони, нешто што досега беше невозможно. Ќе потсетам и на лозарите, на овоштарите. Оваа Влада има интерес да работи само и исклучиво за граѓаните. И така ќе продолжиме, рече Мицкоски. Тој порача дека земјоделците им се приоритет.