Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Економија

Мицкоски: За само 30 дена новата Влада веќе има три нови милионски инвестиции

„За многу скоро од денеска, РЕК Битола ќе има ново раководство. Многу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„За многу скоро од денеска, РЕК Битола ќе има ново раководство. Многу внимателно работиме и лично сум фокусиран во изборот на кадри во РЕК Битола, бидејќи го знам и Комбинатот, а го знам и работењето на поранашно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ. Комбинатот ќе опстои, а Битола ќе си го добие Топловодот“, порача Христијан Мицкоски при денешната негова прва посета на Битола во улога на премиер на Македонија.

„Ние нема да водиме лицемерна политика од една страна да потпишуваме договори со кој ќе го затвораме РЕК Битола и ќе оставаме илјадници луѓе на улица, а од друга страна ќе трошиме повторно пари на граѓаните и ќе градиме Топловод којшто кога би се затворил РЕК Битола ќе нема ресурси од каде да ја затополува Битола. Ние и ќе го сочуваме РЕК Битола, и ќе го изградиме Тополоводот, да бидат спокојни битолчани“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на Владата.

Освен ова, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека не очекува дека луѓето од претходната власт кои ја уништија земјава, ќе имаат доблест да ги признаат веќе евидентните успеси на актуелната власт, а постигнати за само еден месец и кои се мерат во милиони евра инвестиции.

Реклама

„Во овие 30 дена Влада имаме нова инвестиција од половина милијарда долари – Ветерен парк на тромеѓието помеѓу општините Штип – Карбинци и Радовиш, нови 630 вработени и еден терават час електрична енергија од обновливи извори. Втората инвестиција е инвестиција каде што исто така десетици милиони евра ќе бидат инвестирани, чинам дека беше околу 20-тина милиоини евра, а на тоа ќе се додадат и 110 нови вработувања. И третата инвестиција е инвестицијата на Ваптек, потоа околу половина милијарда за компаниите и општините“, посочи Мицкоски.

При денешната посета на Битола, Мицкоски потести и на тоа дека новата Влада максимално ќе се посвети за конечно да проработи и 17-километарската Железничката пруга Битола – Лерин која шест години СДСМ не успеала да ја стави во функција, ами ја оставила како еден од многуте „експонати, лоповлуци и криминали“ на своето владеење. Мицкоски денска изврши увид и во градежните работи на реконструкцијата на влезот во Битола од страната на Прилеп каде беше поставен и камен-темелник, потоа во активностите за изградба на Противпожарната зграда, како и на пуштањето во употреба на спортското игралиште во ОУ „Елпида Караманди“ во Битола.

Каролина Дурло