Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Мицкоски за посетата на повредените во Кочани: Не планирам да бидам дел од ПР-кампании, не сум тука за камери

„Јас не го правам ова заради ПР, туку за да се соочам…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Јас не го правам ова заради ПР, туку за да се соочам со ситуацијата и отворено да зборувам со медиумите“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање во врска со неговата посета на повредените од пожарот во Кочани.

Тој нагласи дека во текот на неговите посети на пациентите, следел сите медицински протоколи и не направил никакви објави за да не ги изложи личните податоци на повредените.

„Не го правам ова за да излегувам пред медиумите и да правам ПР, туку за да разговарам со вас отворено за сето она со кое се соочуваме во овие моменти. Во текот на вчерашниот и денешниот ден, никогаш нема да објавам име или лице на пациент што го посетив. Има такви кои влегуваат со камери, но јас никогаш не влегов со камера, ниту имам намера да правам ПР“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека единствените фотографии што се направени се од неговата позадина, а не од пациентите.

Реклама

Тој истакна дека неговата цел не е да прави пропаганда, туку да им се обрати на граѓаните преку медиумите и да им испрати важни пораки. „Ако сметате дека има проблем во тоа, иако не верувам дека сите ваши колеги мислат така, тогаш ќе ја преземам одговорноста“, додаде Мицкоски.

„Не е мојата цел да правам ПР, и не мора да објавувате ништо од ова што го зборувам, ниту слики или статуси“, апелираше премиерот до медиумите.