Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Мицкоски за минималната плата: Секој договор што ќе го постигнат работодавачите и работниците како Влада ќе го поддржиме

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го повтори ставот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го повтори ставот на Владата во однос на зголемувањето на минималната плата.

-Нашиот став во однос на минималната плата сме го кажале, ќе го повторам, нас како Влада ни одговара зголемување на минималната плата, бидејќи ќе имаме поголеми приходи во буџетот. Ние сме работодавач на 100 000 вработени, а државата има 705 000 вработени. Значи тие 600 000 ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себичќно, тогаш можеме да кажеме од утре да се зголеми, но ние велиме ние сме Влада којашто во рамките на социјалниот дијалог посредува меѓу работодавачите и работниците. Така што секој договор што тие ќе го постигнат си стоиме на ставот дека ние како Влада ќе го поддржиме. Така што тука не би имал многу што да додадам, рече Мицкоски по посетата на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Во делот на статистиката, додаде премиерот, Евростат е единствена релевантна институција во Европа којашто вели дека потрошувачката кошница во земјава е најниска во Европа. Истакна дека ако ја споредиме со потрошувачките кошници во регионот е далеку пониска, на пример со Албанија, со Бугарија, со Грција, со Србија итн. или ако некој европски просек е 100, потрошувачката кошница кај нас е на ниво под 75.

Реклама

Мицкоски посочи и дека Евростат има објавено за првата половина на годината куповната моќ на минималната плата колкава е, анализирани се 27 земји во Европа кои имаат имплементирано минимална плата.

-Ние се наоѓаме на средината и сме далеку поконкурентни од Бугарија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Албанија итн, и сме рамо до рамо со Грција. И единствена земја која споредено со прва половина 2025 со прва половина 2024, куповна моќ на минимална плата има зголемување. Кај сите има или стагнација, или намалување. Ќе се појават коментатори на социјални мрежи кои што ќе го исмејуваат ова што го кажувам, но тоа се факти што ги објавува Евростат. Имаме избор, дали да веруваме на Тевдовски, Поповски и Јовановиќ, министри во владата на СДСМ за финансии кои ја прават минималната потрошувачка кошница, или на Евростат. Граѓаните треба да изберат на кого ќе веруваат, јас само ги цитирам Евростат и јас верувам на Евростат, кажа Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Клиниката.