Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Економија

Мицкоски за минималната плата: нека се договорат работниците и газдите, владата е само посредник

Прашањето за минималната плата треба да се решава преку договор меѓу работниците…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прашањето за минималната плата треба да се решава преку договор меѓу работниците и работодавачите, а не преку политички иницијативи. Ова денеска од Тетово го истакна премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги барањата на синдикатите и предлогот на опозицијата за законско зголемување на минималната плата.

„Работниците и работодавачите се тие што во бипартитен дијалог треба да најдат решение за минималната плата, а Владата е само фасилитатор.“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Владата.

Мицкоски порача дека Владата нема да презема улога што не ѝ припаѓа и дека политичките партии не можат да одлучуваат во име на работниците или работодавачите. Според него, минималната плата е социјално прашање што треба да се решава во рамки на Економско-социјалниот совет, без политички притисоци.

Реклама

Во однос на јавниот сектор, каде државата се јавува како работодавач, премиерот потсети дека за најголемиот дел од вработените односите се веќе регулирани. Како што посочи, нерешен останува уште мал дел од администрацијата – околу 7.700 до 7.800 административни службеници, за кои понудата е веќе доставена до синдикатите.

Понудата предвидува зголемување на примањата во наредниот период и, како што беше посочено, не е условена со место или формат на средбата.

„Доколку синдикатите се согласат, за две години и два до три месеци овие 7.700 до 7.800 административни службеници ќе имаат минимум 40 проценти повисоки примања.“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Владата.

Изјавите на премиерот доаѓаат по протестот на Сојузот на синдикати на Македонија, на кој беше побара минималната плата да изнесува 600 евра, наспроти сегашните 400. Од Владата порачуваат дека за државната администрација понудата е веќе ставена на маса, додека за останатите работници решението треба да произлезе од директен договор меѓу работниците и работодавачите, со улога на државата како посредник.