Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Мицкоски за „Мазут“: Има нови моменти и докази, да не навлегуваме за да не се наруши случајот

Се следи случајот. Има нови моменти, но да не навлегуваме за да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се следи случајот. Има нови моменти, но да не навлегуваме за да не се наруши случајот и да се остави на судовите да го кажат последниот збор, истакна денеска од собраниската говорница премиерот Христијан Мицкоски прашан за случајот „Мазут“.

-Од блиску го следиме случајот и сето тоа што е поврзано со тој случај. Нашиот став како Влада јасно беше соопштен. Има жалба на одлуката на обвинителството од страна  на компанијата ЕСМ. Тоа што го знам е дека случајот е прераспределен во рамките на Вишото јавно обвинителство. Не би сакал да коментирам повеќе за да не бидам погрешно сфатен дека влијаеме како Влада врз одлуките и на Обвинителството и на судството. Тоа што го очекувам, веќе го кажав одговорот на претходното ваше прашање. Но, она што е значајно е не само јавноста, туку и ние одблиску го следиме тој случај.  Министерот за внатрешни работи имаше едно интервју на кое што кажа дека има нови моменти, има нови докази. Да не навлегуваме за да не го уништиме случајот. Да почекаме Обвинителството, а потоа доколку се оформи судски процес, и судовите да го кажат последниот збор – рече премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на 25 мај во интервју за „360 Степени“ најави нов развој на настаните во врска со предметот „Мазут“.

Реклама

-И вие и јавноста за многу брзо ќе дознае зошто ова сум го кажал ова што сум го кажал. Затоа што знам некои докази коишто вие не ги знаете. И не може да ги знаете. А јас ги знам заради тоа што морам да ги знам. И ќе бидете шокирани и Вие и целокупната македонска јавност кога ќе дојде време да бидете шокирани. Ама позитивно. И тврдам дека ќе дојде тој ден. Заради тоа што за вакви дејствија ако ние оставиме така да се затворат, тогаш јас не треба да го работам ова што го работам во моментов. Нити па било кој од тие коишто работат во рамки на Министерството за внатрешни работи и особено во Јавното обвинителство треба да се таму каде што се. Треба да си одат од таму. Треба да дојдат некои нови, ако за овој предмет со тие докази што јас ги имам видено лично, остане вака приказната каква што е – изјави министерот за внатрешни работи.

Станува збор за истражната постапка која траеше повеќе од една година, сè до моментот кога пред две недели надлежната обвинителка Катерина Коларевиќ одлучи да ја затвори  поради недостаток на докази. Осомничени се 13 лица, меѓу кои бизнисмените Ратко Капушевски, Асмир Јахоски и Ерџан Сулкоски, екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, и други, за злоупотреба на службената положба и перење на пари.