Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Мицкоски: Во вториот круг од локалните избори очекуваме победата да биде заокружена со шеесетина градоначалници

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потенцира дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска потенцира дека неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сега се фокусирани на вториот круг на локалните избори, кога се очекува победата да биде заокружена со шеесетина градоначалници и Градот Скопје, како и на партискиот конгрес во декември. 

– Сега сме фокусирани на вториот круг на локалните избори. Очекувам ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да победи во сите општини каде што има кандидати за градоначалници во вториот круг. Веќе имаме победа во советите во 58 општини, 33 градоначалника веќе се избрани. Остануваат уште 26, колку што се во вториот круг. Да го заокружиме овој процес заедно со Градот Скопје и Советот, шеесетина општини плус главниот град па се останато. Потоа е еден процес низ кој што ќе се движиме. Во декември ни е партискиот конгрес, така што ве повикувам да ги следите настаните што ќе се случуваат, рече Мицкоски.   

На новинарско прашање премиерот потврди дека имал средба со еден од лидерите на Вреди, кој е кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами. 

Реклама

– Да. Јас се сретнав со Билал Касами. Разговаравме. И мислам дека тој веќе почна да ги испраќа оние вистински изјави кои треба да му прилегаат на еден градоначалник на мултиетничко Тетово, рече Мицкоски. 

На прашањето како ќе ја коментира изјавата на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека Владата работи катастрофално, премиерот Мицкоски рече дека нормално е како лидер на опозицијата да ја оценува така работата на Владата, но оти никогаш не дава суд за своето претседателствување за истиот тој период во СДСМ. 

– Венко Филипче е претседател на се уште најголемата опозициска партија во Македонија. Тој нормално е да ја оценува така Владата бидејќи мисли дека на тој начин ќе добие поддршка во своето гласачко тело и кај граѓаните. Тој ја оценува Владата за својата работа за година и половина и дава свој суд, но никогаш не дава суд за своето претседателствување за истиот тој период во СДСМ. Ако за тој период вели дека е прекраток за да се цени неговата работа тогаш како наоѓа за сходно да ја цени Владата за истиот тој период. Изјавите една со друга се контрадикторни, не мислам дека тоа е правата порака што треба СДСМ да ја испраќа, рече Мицкоски.