Реклама

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Македонија

Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска и утре ќе престојува во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам – „Винска визија, на отворен Балкан“.

Мицкоски, денеска, попладне ќе има одвоени средби со Претседателот на Србија – Александар Вучиќ, а потоа и со српскиот премиер – Милош Вучевиќ. Во состав на македонската делегација, се Љупчо Димовски, вицепремиер за политички систем; Иван Стоилковиќ, вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците; Игор Јанушев, генерален секретар на Владата; Цветан Трипуновски, министер за земјоделство; Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово.

Премиерот Мицкоски ќе има обраќање на отворањето на настанот, а вечер заедно со македонскиот амбасадор во Србија – Никола Тупанчевски, ќе се обратат на македонската вечер. На третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам, што се одржува во Белград.

Реклама

Ќе бидат претставени 650 изложувачи од 38 земји. Оваа година од Македонија, на саемот во Белград ќе учествуваат 80 винарии и дестилерии, шест изложувачи на храна, и ресторан, со тројца готвачи.