Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Мицкоски: Во април следува зголемување на платите во здравството, ја зголемивме капитацијата и почнуваме нови инфраструктурни проекти

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите – истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој соопшти и дека по подолг временски период, на позитивната листа се додадени нови лекови, а почнати се и постапки за сериозни инфраструктурни вложувања во здравството.

Мицкоски нагласи дека здравствениот буџет годинава изнесува речиси една милијарда евра и дека во него се пресметани зголемувањата на платите. Договорот за раст на примањата на здравствените работници останува во сила до 2028 година.

Тој оцени дека Владата затекнала лоша состојба во здравството, со многубројни долгогодишни проблеми, погрешни политики и обврски, кои претставувале дополнителен товар за јавните здравствени установи, особено Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Реклама

– Работиме на решавање на проблеми што со децении останале нерешени. Знам колку вложуваат министерот за здравство и директорот на Фондот и уверен сум дека значителен дел од предизвиците веќе се решаваат – рече премиерот.

Мицкоски укажа и на случаи на злоупотреби при пријавување дежурства, каде што поединци, како што рече, прикажувале непрекината работа и примале над 10.000 евра месечно.

Премиемиерот Мицкоски информира дека се обезбедуваат средства за завршување на Клиничкиот центар во Штип, нов студентски дом и нова зграда на Медицинскиот факултет при УГД, болницата во Кичево и Клиничката болница во Тетово.

По реализирањето на овие проекти, фокусот ќе биде ставен на најголемиот капитален зафат – изградба на нов клинички центар во Скопје. За локацијата, како што рече Мицкоски, се водат разговори со приватен сопственик.