Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Економија

🎥 Мицкоски: Внимателната економска политика дава резултати, инфлацијата се стабилизира

Стабилизација на цените и враќање на инфлацијата во нормални рамки. Надлежните се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стабилизација на цените и враќање на инфлацијата во нормални рамки. Надлежните се охрабени од последните статистички податоци кои покжаа дека месечната стапка на инфлација во август била само 0.2%, а цените на мало дури и се спуштиле за 0.7% на месечно ниво. Годишната инфлација сега е 4.4% но има тендеција на натамошно намалување.

Премиерот вели дека ова е позитивен сигнал и дека Владата ќе продолжи да води внимателна макроеконмска политика – целта е растот на платите да биде најмалку двојно поголем од растот на цените.

  • Ако се направи анализа ќе се види дека за прв пат на месечно ниво базичната инфлација е во негатива односно во минус. Тоа е добар индикатор дека има полека имаме стагнирање и намалување на базичната инфлација, која што беше главен двигател на генералната инфлација“ рече Мицкоски.

Освен „училиштната кошничка“ која важи уште пет дена, надлежните засега не размислуваат за воведување на нови конкретни мерки кои би влијаеле на цените зашто и статистчките податоци не укажуваат дека има потреба за тоа. Сепак, сите институции се на терен и доколку има неправилности или непазарно однесување, ќе има сериозни казни.

Реклама
  • Ќе продолжиме без интервиционизми, без политика бидејќи видовме дека во одредени случаи тоа не вроди со плод. Интензивни се контролите на Државниот пазарен инспекторат и Комисијата на заштита на конкуренција и не правиме парада од тоа но добивам извештаи еднаш до два пати неделно“ рече премиерот.

Според податоците на Државната статистика за август трошоците за живот се зголемени за 0,2%, што е помалку во споредба за јули, кога месечната стапка на инфлација изнесуваше 1.1%.

На годишна основа, стапката на инфлација исто така забавува при што во август е на пониско ниво, споредбено со инфлацијата во јули. Во август изнесува 4.4%, а во јули изнесуваше 4.8%.