Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Економија

Мицкоски: Владата донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви

Владата донесе две важни одлуки, намалување на ДДВ за горивата и ослободување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата донесе две важни одлуки, намалување на ДДВ за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија, информира денеска на прес-конференција премиерот Христијан Мицкоски, по владината седница, посветена на мерките за ублажување на ценовниот скок на горивата. Мицкоски нагласи дека донесена е и одлука за прогласување на кризна состојба на целата територија, со цел да се овозможи соодветно законско постапување и институциите да можат ефикасно да ги спроведуваат мерките.

Со одлуката на Владата, почнувајќи од понеделник на полноќ ДДВ-то за нафтените деривати се намалува во наредните две недели од 18 на 10 отсто што значи намалување на цената на горивата од 6 до 7 денари по литар.

-Имаме план, не само со еден или два чекора, туку со цела низа разработени сценарија, доколку кризата се влоши или продолжи. Нашите пресметки покажуваат дека, доколку Владата не интервенираше, Регулаторната комисија во понеделник ќе донесеше одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и зголемување на цените на безоловните горива за 6 денари – што ќе значеше дополнително оптоварување за граѓаните, истакна Мицкоски.

Реклама

Нагласи дека очекува дека Регулаторна комисија утре да ја има предвид оваа одлука на Владата и оти нема да ја зголеми цената на горивата и додаде дека електроенергетскиот сектор во државата е стабилен.

Тој истакна дека во услови на глобална криза, државата не смее да биде дополнителен товар и додаде дека Владата директно им излегува во пресрет на граѓаните и бизнисите кои веќе го чувствуваат притисокот.

-Овие одлуки се директен одговор на барањата и реалните потреби на граѓаните и компаниите. Намалувањето на даноците значи веднаш пониски цени на горивата. Тоа е најбрзиот начин да се ублажи ударот и да се спречи ширење на поскапувањата низ целата економија. Ова е интервенција што го прекинува синџирот на поскапувања. Со стабилизирање на цената на горивата, се штитат и цените на храната, транспортот и услугите, нагласи премиерот.

Мицкоски истакна дека Владата јасно повикува на одговорен однос од трговците и производителите.

-Во време на криза, никој нема право да гради профит на грбот на граѓаните. Ќе има засилени контроли на пазарот. Секој обид за злоупотреба, вештачко зголемување на цените или брза заработка во овие услови ќе биде откриен, разобличен и санкциониран. Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата, рече премиерот.

Тој посочи дека нашата држава не е исклучок од кризата што се случува и која е наметната поради настаните и воените конфликти на Блискиот Исток.

-Сите европски држави, како и земјите во светот, се соочија со ценовни шокови кај горивата, кои вртоглаво растат, како и со ризици од зголемување на цената на електричната енергија. Поскапувањето на горивата претставува значаен инпут и директен удар врз семејните буџети на граѓаните. Слободниот проток на нафта е нарушен. Постојат држави кои се соочуваат не само со ценовни шокови, туку и со недостиг на нафтени деривати за нормално функционирање на нивните системи. Македонија е дел од европскиот и светскиот синџир, нагласи Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата будно ја следи состојбата и постојано е во координација со сите засегнати страни и дистрибутери на овие деривати. Додаде дека и покрај ваквите околности, мораме да бидеме свесни дека Македонија има едни од најниските цени на дериватите во регионот – пониски од Србија, Косово, Хрватска, Бугарија, Грција, Словенија и други држави.

-Но, секое зголемување на цените на горивата претставува сериозен товар за секој семеен буџет. Како премиер, но и како човек кој ги разбирам потребите на граѓаните, сакам да потенцирам дека Владата ќе делува секогаш кога за тоа ќе има простор, нагласи премиерот.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: