Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Мицкоски: Тутунот се откупува по највисока цена досега, задоволни се и тутунарите и откупувачите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека тутунот се откупува по највисока цена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека тутунот се откупува по највисока цена досега и дека и откупувачите и тутунарите се задоволни. 

– Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу седум евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку, напротив, задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата, тогаш доаѓаме до околу 500 денари по предаден килограм тутун. Тоа за мене е исклучително квалитетен род и би рекол исклучително квалитетен бизнис. На 24 милиони килограми, кога ќе ставиме 500 денари, добиваме околу 12 милијарди денари, околу 200 милиони евра ќе завршат кај тутунопроизводителите. И тоа е добро, рече Мицкоски.

Посочи дека порано се откупувале по 15-16 милиони килограми по цена од 120 до 130 денари, а денес има 23-24 милиони килограми тутун кој се откупува по цена од 420 денари по килограм, а со субвенцијата околу 500 денари.

Реклама

– Навистина добра работа се прави, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на градинка во Сопиште.