Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Мицкоски: Туризмот бележи раст од 20% и очекувам овој тренд да продолжи

По седум години денеска повторно е отворен комплексот „Македонско село“ кој се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По седум години денеска повторно е отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана како најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи.

На отворањето, присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, кој даде изјава за медиумите.

За мене претставува задоволство што уште еден заборавен, запуштен и би рекол полууништен објект се става во функција. Тоа е овој комплекс наречен „Македонско Село“. Благодарност до инвеститорите, до концесионерите коишто се охрабрија да инвестираат и да понудат на скопјани и на сите оние кои ќе го посетуваат Скопје уште едно туристичко алтернативно и ултра квалитетно место каде може да се ужива во преубав поглед, преубави соби, апартмани и сигурен сум во префкусна храна, изјави премиерот Мицкоски.

Реклама

Концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии.

И се разбира, во периодот кој што следи, да се погрижиме сето она кое што за жал изминативе седум години беше заборавено, уништено, девастирано, полека, но сигурно го обновуваме и повторно му го враќаме сјајот и го ставаме во функција, едно по едно, во зависност од приоритетите и можностите, додаде Мицкоски.

Комплексот „Македонско село“ се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, а делови се користеа како хотелски соби и имаше ресторански дел.

Туризмот бележи големи резултати, кај странските гости имаме раст повеќе од 20% споредено со истиот период од минатата година. Очекуваме тој тренд да продолжи и да се зголемува, работиме многу на тоа. Така и Министерството за култура и туризам тука е исклучително посветено и се надевам дека ова несто за туристите што ќе го посетуваат Скопје ќе биде убаво место за уживање и почивка, додаде Мицкоски.

Со реотворањето на комплексот ќе бидат создадени услови за поттикнување на развојот на туризмот и зајакнување на локалната економија, отворање на нови работни места, а ќе биде унапреден и туристичкиот капацитет во Скопје што ќе влијае на зголемен број туристи не само во Скопје, воопшто и во земјава, информираа од СОЗР.