Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Странските возачи преку веб апликација можат да ги проверуваат и плаќаат казните од „Безбеден град“

Министерството за внатрешни работи информира дека е ставена во функција веб-апликацијата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека е ставена во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс – „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани – сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички.

Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.

– При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа  и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што тој ги користи во нашата држава – соопштија од МВР.

Реклама

На овој начин, како што појаснија, странските возачи кои со своите возила ќе бидат евидентирани дека сториле сообраќаен прекршок на територијата на целата држава, ќе можат навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска, без потреба од дополнително задржување на граничните премини.

МВР нагласува дека воведувањето на апликацијата претставува значаен чекор во дигитализацијата на услугите поврзани со системот „Безбеден град“.

Министерство истакнува дека продолжува со унапредување на дигиталните услуги, а во следните фази се предвидува проширување на функционалностите и за други категории корисници.

Линк до апликацијата: https://safecountry.mvr.gov.mk/ бд/