Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Муцунски: За стратешките интереси неопходни се институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап

Амбасадорскиот совет е можност за директна и суштинска размена на ставови за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорскиот совет е можност за директна и суштинска размена на ставови за европската и евроатлантската агенда, безбедносните предизвици, економската дипломатија и натамошното унапредување на работата на дипломатската мрежа. Целта е јасна – модерна, активна и стратешки координирана дипломатија која ги штити националните интереси, отвора нови можности за државата и им служи на граѓаните, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на својот фејсбук профил.

Како што наведува, за државните и стратешките интереси неопходни се институционална координација, јасни позиции и сериозен државен пристап.

-Денеска, во рамките на Амбасадорскиот совет, пред шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва свои обраќања имаат претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Нивното учество ја потврдува важноста на заедничкиот институционален пристап кон клучните државни приоритети, истакнува министерот.

Реклама

Муцунски денеска во Скопје се обрати на отворањето на амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата.