Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Прилози

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот е во добра кондиција и покрај предизвиците. Министерката за финансии Гордана Димитриска Кочоска е задоволна од тоа како се полни државната каса. Солидни резултати имало и кај даноците и кај придонесите. Според последните податоци до 18-ти август, во државната каса се слеале 3,6 милијарди евра, што е речиси 59% од планираното за цела година. Од друга страна, биле потрошени 4,2 милијарди евра, што е 61,8% од планираното. Димитриеска Кочоска вели дека пари за мерки има, но нема да има за непродиуктивни трошења.

„Во изминатиот период ние многу направивме во тој дел. Зголемивме пензии, зголемивме плати, имавме некои одлуки кои сме ги носеле за одредени таргетирани мерки за одредени институции и тоа е дел од тој слободен простор, од тој бафер кој се троши за граѓаните. Јас не би рекла дека буџетот е во лоша кондиција, но нема пари за се. Исто како што ни дома нема за се. Никогаш буџетот на Македонија немал пари за се“ – вели Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии.

Во буџетот се слеваат помалку пари од акцизи, но стандардот на граѓаните мора да се заштити. Мерките од намалените акцизи од 4 денари по литар за дизелот и два денари по литар за бензините даваат резултати бидејќи Македонија има најниски цени на горивата во регионот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е задоволна што инфлацијата се намалува и покрај мерките која ја чинеа државната каса минус 26 милиони евра.

Реклама

Засега нема планови за намалување на ДДВ-то кај горивата, но министерката не исклучува дека таква мерка би можела да се донесе во иднина. За зголемената проекција за инфлација од 2,5% на 4,5% вели дека е песимистичка, но очекувањата се дека таа ќе биде пониска од планираното.