Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Осум активни пожари на отворено низ државата

Вкупно 22 пожара се регистрирани на отворен простор низ државата денеска до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 22 пожара се регистрирани на отворен простор низ државата денеска до 18 часот. Од нив, осум се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Од активните, првиот е на територија на општина Прилеп, село Чаниште – крак кон село Крушевица – село Лопатица и крак кон Црна Река, гори ниска вегетација. 

Ниска вегетација и деградирана дабова шума горат во општина Крушево во подрачјето на селата Белушино и Јакреново.

Реклама

Мешана шума гори во општина Студеничани во регионот на селата Моране, Вртекица, Рамни Габер.

Ниска вегетација гори во село Луботен во општина Бутел.

Ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки горат во општина Македонски Брод, место викано „Видуш“, кај селата Драгов Дол и Локвица.

Во општина Кичево, село Тајмиште, место викано „Дарда“, опожарена е високостеблеста букова шума.

Ниска вегетација и шума горат во село Никуштак, општина Липково.

Нискостеблеста дабова шума гори во село Церово, општина Гостивар.

Пожарот во село Мојно, општина Могила, бил ставен под контрола. Таму била опожарена ниска вегетација.

Од изгаснатите пожари, два биле на територија на општина Кичево, додека останатите биле во регионот на Радовиш, Струмица, Новаци, Гостивар, Брвеница, Неготино, Велес, Струга, Дебар, Куманово, Студеничани.