Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

Мицкоски: Средбата со Кралот Чарлс Трети е признание и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството

Состаноци за европските интеграции, стабилноста на регионот, економскиот развој на земјава, стратешката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состаноци за европските интеграции, стабилноста на регионот, економскиот развој на земјава, стратешката инфраструктурна поврзаност. Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски втор ден во Лондон – ги претставува позициите на Македонија на низа билатерални средби кои се важни за реализација на проектите, за македонската економија, транспортната инфрраструктура,  но и приближувањето на земјата кон ЕУ. Од клучно значење е историската средба помеѓу премиерот Мицкоски и Кралот Чарлс Трети. Според шефот на владата тоа е признание за почит, но и поттик да се продолжи по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството.

Во рамките на мојот престој во Лондон остварив средба со Неговото Кралско Величество, Кралот Чарлс III. Средбата беше искрена и содржајна. Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патoт на заедничките вредности, довербата и партнерството, информираше премиерот Мицкоски.

Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, под покровителство на британскиот премиер Кир Стармер, го враќа регионот во фокусот на Европската Унија, а присуството на Македонија на овие состаноци се оценува како важен чекор во насока на засилување на европската агенда и продлабочување на стратешките партнерства.

Реклама

На маргините на самитот, македонскиот премиер остварува средби со политички и економски лидери од Европа. Во владината делегација се и вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани.

Меѓу главните теми е и договорот Влада со Влада помеѓу Македонија и Велика Британија, по потпишувањето на стратешкото партнерство. Вицепремиерот Александар Николоски порача дека Обединетото Кралство силно ја поддржува Македонија во реализација на крупни инфраструктурни проекти.

Инаку, Берлинскиот процес беше започнат во 2014 година на иницијатива на тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел зајакнување на политичката, економската и инфраструктурната соработка на Западен Балкан и нивно приближување кон Европската Унија.