Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Мицкоски: Состојбата во државата е апсолутно нормална, ја следиме ситуацијата и ќе реагираме соодветно на предизвиците

Во овој момент нема таков предизвик што би го загрозил нормалното функционирање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во овој момент нема таков предизвик што би го загрозил нормалното функционирање на системот. Состојбата во државата е апсолутно нормална, ја следиме ситуацијата и ќе реагираме соодветно на предизвиците, нема да чекаме тие да се случат па потоа да преземаме мерки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Според Мицкоски, тоа што го предлага опозицијата е дел и од размислувањето на Владата, но освен тоа, има и други мерки што ќе бидат преземени доколку се процени дека постои потреба.

– Ја следиме ситуацијата, ова се почетоците на предивзикот што се случува во Заливот и војната. Ве молам сите да бидеме мирни зашто навистина во овој момент нема таков предизвик што би го загрозил нормалното функционирање на системот, ниту има индикатори што може да не изненадат. Се разбира, на дневна основа предизвиците се случуваат и ние ги анализираме. За разлика од опозицијата, ние имаме одговорност. Гледам дека се повикуваат на некои наши изјави од времето на 2022 година, но апсолутно еднбата и другата не се споредливи, зашто тие изјави се давани по неколку месеци континуиран раст, а ние сега зборуваме за неколку дена од почетокот на кризата. Инаку, тоа што опозицијата го предлага, се разбира дека е дел од размислувањето на Владата, но не само тоа, има и други мерки што ќе бидат преземени и ќе реагираме соодветно на предизвиците, нема да чекаме тие да се случат па потоа да реагираме, Во моментот, ако денеска ме прашувате, состојбата е апсолутно нормална, а како ќе биде понатаму навреме ќе ја информираме јавноста, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со странските инвеститори во земјава.

Реклама

Тој за попладнево во 16.00 часот најави средба со трговците и претставници на маркетите. Рече дека има јасни пораки и аргументи кои ќе ги изнесе на состанокот.

Премиерот очекува, како што нагласи, во актуелната состојба на предизвици, сите да се однесуваат во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа, потенцира, се штити и бизнисот.

-Ќе разговараме отворено, како ние како Влада можеме да им помогнеме за да се одржи ценовната стабилност, да не дојде до драматично зголемување на инфлацијата, односно трошоците за живот. Очекувам во овие предизвикувачки услови, сите да се однесуваме во рамки на она што значи заштита на стандардот на граѓаните, зашто со тоа се штити и бизнисот. Имаме најниска цена на горивата во регионот, нема ценовен шок и снабдувањето со нафта и нафтени деривати не е доведено во прашање. Компаниите снабдувачи имаат доволно резерви, инфлацијата е најниска во регионот. Состојбата во државата е апсолутно нормална, за понатаму ќе видиме. Почетокот на годината е ветувачка според сите индикатори и параметри, но ние продолжуваме да работиме во интерес на стандардот на граѓаните. Трошоиците на мало се 1,6 отсто во февруари, што значи дека и базичната инфлација полека но сигурно се смирува. Имам јасни пораки и аргументи за денешниот состанок со трговците, истакна Мицкоски.