Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Мицкоски: Со дополнително намалување на царинските стапки, нашите извозници се уште поконкурентни

За дополнитлени 20 проценти се намалија царините за увоз на полупроизводи и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За дополнитлени 20 проценти се намалија царините за увоз на полупроизводи и сега намалувањето на царина при увоз од први јули ќе изнесува 70 проценти. Ова е продолжување на владините мерки за олеснување на работењето на домашните компании во време на криза. Сега преку намалување на царинските стапки за околу 70 производи што се користат како суровини, репроматеријали и полупроизводи во индустријата, од една страна, а  од друга усогласувања со ЕУ. Првиот чекор беше направен во 2025 година, кога царинските стапки беа намалени за 50 проценти од разликата меѓу домашните и европските тарифи. Со новите измени, од 1 јули 2026 година следува дополнително намалување и целосно усогласување со ЕУ-стандардите за овие производи.

„На седница на Владата ние донесовме одлука со која практично се зголеми обемот на полупроизводи и суровини кои ги користат во Македонија за да извезуваат. Претходно имавме усогласување 50%, сега имаме дополнително усогласување за нови 20%, односно до 70%. Со тоа ги правиме нашите извозници и домашни и странски инвеститори уште поконкурентни. Тоа е целта на ова усогласување“, изјави македонскиот премиер Христијан Мицкоски.

Според економистите, со овие мерки, директна поддршка ќе добијат металопреработувачката индустрија, автомобилскиот сектор, енергетиката, металургијата, како и други производствени капацитети што зависат од увоз на репроматеријали. Воедно, се очекува привлекување на нови инвестиции, но и се очекува зголемување на индустриското производство, како и подобра интеграција на македонската економија со европскиот пазар.

Реклама

Ова се мерки кои долго време ги бараа и македонските произвиодители за да можат да продолжат со работа во време на голема неизвесност.