Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Економија

Мицкоски: Сите колективни договори почнаа да се применуваат, вклучително и линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во МВР

Сите колективни договори што се потишани во јавниот и државниот сектор почнаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите колективни договори што се потишани во јавниот и државниот сектор почнаа да се применуваат – рече премиерот Христијан Мицкоски и додаде дека тоа е случај и со линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи.

– Оваа година за нас е навистина тешка, особено со случувањата во Заливот. Нешто за што веќе зборував, но тоа е што е, ќе се бориме. Сите колективни договори што имаат обврска за примена од 1 април веќе почнаа да се применуваат. Вклучително и линеарното зголемување и усогласување со минималната плата кај вработените во Министерството за внатрешни работи. И тие ќе имаат зголемување на личниот доход – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на настан за почнување проект за реконструкција на улици во општина Аеродром.

Така што, додаде премиерот Мицкоски, како работодавач, „ние практично се имаме усогласено со своите колеги во целост, мислам дека 97-98 проценти.

Реклама

– Можам да кажам дека барем до 2028 година оној процес што го имавме зацртано го заокруживме – рече премиерот Мицкоски.