Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Економија

Мицкоски: Синдикатите ни ја одбија понудата да пораснат платите на административците за 8 посто годишно, или реален раст за 40 посто за 4 години

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на една од телевизиите во Македонија, говорејќи за барањата на синдикатите за повисоки плати откри дека по истиот принцип како што од самиот почеток на оваа Влада се потпишале колективни договори со синдикатот во образованието и во здравството, се зголемија платите во МВР, Одбрана и се интервенирало во примањата на вработените во центрите за социјални работи, се воделе и преговори и за зголемување на платите на административните службеници за 8 посто годишно, или реален раст за 40 посто за 4 години, но истите преговори со репрезентативните синдикати пропаднале бидејќи, како што рече, некој бил политички заробен.

-Кога сето ова ќе се изанализира, повеќе од 90-тина проценти од вработените на коишто условно кажано им е работодавач Владата има колективен договор со Владата во период од четири години заклучно се 2028 година. Зошто 2028? Затоа што ние не сакавме да преземаме обврски за денот по нас. Ние сакавме кога ќе заврши мандатот на оваа Влада, до тука. Доколку ние бидеме следна Влада и потоа, тогаш ќе правиме нов колективен договор. И ни остана уште колективниот договор со административните службеници. Тоа се отприлика 7.700-7.800 вработени на коишто условно кажано Владата им е работодавач и тие се дел од тие административни службеници. Ние понудивме договор. Доаѓаа двата репрезентативни синдикати односно гранките на тие два репрезентативни синдиката доаѓаа и се договаравме. Нашиот последен предлог којшто го ставивме на маса кој беше? Платите на административните службеници, покрај тоа што законски мора да се зголемуваат согласно и пропорционално на зголемувањето на минималната плата, да се зголемуваат секоја година плус 8 проценти. Што значи тоа? Тоа значи да речеме, ако е 100 парички просечната плата на административните службеници, таа се зголемува за минималната плата износот, еве да речеме 2 илјади денари или 20 парички. Тогаш ќе биде 120 парички и ова се зголемува за 8 посто и така во 26-та, а истиот принцип и во 27-ма, истиот принцип во 28-ма или тоа би значело за 40% зголемени плати, рече Мицкоски.

Тој додаде дека единствениот услов на Владата се однесуваше на делот кај што ги регулира платите во општиот колективен договор потпишан од сегашното раководство на ССМ и поранешната министерка за социјална политика и труд кој е нејасно напишан и може да се толкува различно.

Реклама

-Имавме еден услов. Општиот колективен договор, делот којшто ги регулира платите е нејасно напишан, потпишан од сегашното раководство на ССМ, од сегашниот претседател на ССМ со поранешната министерка во Министерството за социјална политика и труд, како што се викаше порано но, тој е истечен. Бидејќи, а сме се согласиле на тие состаноци и со нив дека тој дел е нејасен, може да се толкува и вака и така, да потпишеме колективни договори на ниво на гранка или на институции во коишто ќе кажеме дека тој дел на општиот колективен договор коишто ги регулира платите не важи. И така општиот колективен договор е истечен, за волја на вистината во преодните завршни одредби стои дека, до донесување на новиот и покрај тоа што овој општ колективен договор е истечен, останува во функција. Ние предложивме овој дел што ги регулира платите да речеме, не важи, туку ќе важи, новиот којшто им го понудивме, а во овие две-три години додека имаме колективен договор, оние беа задоволни од предлогот, беа задоволни од зголемувањето коешто требаше да следи, да преговараме нов општ колективен договор којшто ќе биде потоа некакво продолжение на тоа што сега ќе го договориме, од 2029 па натаму и на тој начин да го унифицираме добивањето на плати во делот на јавната управа. Тоа беше нашиот предлог, значи тие го прифатија ова, но не го прифатија овој дел во којшто ние бараме измена на општиот колективен договор. Зошто? Затоа што тука некој беше политички заробен, односно сакаше да нанесе штета, потенцира Мицкоски.

Тој додаде „ова треба да го слушнат сите административни службеници, дека ние како Влада ова го нудиме и е на маса.“