Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Мицкоски: Силна Македонија се гради со економски показатели и со чување на традицијата и вредностите кои нè дефинираат како народ

На вчерашниот настан по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Идеја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На вчерашниот настан по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Идеја што не запира, вредности што носат промени“, се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој истакна дека државата се заснова на традиционалните вредности на семејството, на традицијата како клучни столбови во една земја како Македонија, а воедно потенцираше дека Владата ќе продолжи со проектите кои носат подобрување на животниот стандард на граѓаните и го придвижуваат економскиот развој во нагорна линија.

– Силна Македонија не се гради само со бројки и економски показатели, туку и со чување на традицијата и вредностите кои нè дефинираат како народ. Конзервативните вредности на семејството, традицијата, трудот, честа, нацијата, редот, правдата и одговорноста се нашиот стожер. Ова е борба за нашите деца, за нивната иднина, за достоинствен живот во сопствената татковина. Понатаму, нашата Влада ќе продолжи со имплементација на конкретни проекти кои ќе донесат вистински економски развој и подобрување на стандардот. Секој од овие чекори е дел од нашата стратегија за долгорочен развој, вели Мицкоски.

Претседателот истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не е само партија туку и вредност, идеологија и љубов, односно партија која има визија за вредности кои носат промени.

Реклама

– Нашата желба е секој граѓанин да почувствува подобрување во својот живот. Јас сум горд што сум дел од овој тим и во Владата и во партијата. Тука сме затоа што идејата за Македонија, како суверена, достоинствена и праведна држава, не умира. ВМРО-ДПМНЕ како што кажав во повеќе наврати во ова мое денешно обраќање не е само партија. Вредност, идеологија, љубов. Тоа е макотрпното градење на домот на секој македонски човек. Ќе успееме. Не заради нас, туку заради децата наши. За нив, и за секој човек кој верува дека Македонија е местото каде што сонувањето има смисла. Верувам во вас, верувам во народот, верувам во Македонија. Нашата идеја не запира, нашата волја не се крши, а најдоброто допрва доаѓа. Заедно, со чесна работа и срце полно надеж, ќе ја изградиме Македонија каква што заслужуваме, рече Мицкоски.