Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Мицкоски: Шокантно е што Ахмети бара да се интервенира кај судии кои тие ги избраа

Жалопојките на Али Ахмети за тоа дека наводно правата и јазикот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жалопојките на Али Ахмети за тоа дека наводно правата и јазикот на Албанците се загрозени, се залудни. Според премиерот Христијан Мицкоски тоа што интегративците бараат Албанците од регионот на интервенираат во внатрешните работи на земјава, посебно во работата на Уставниот суд е шокантно. Прашањето за Законот за јазиците, кој е оспорен пред овој суд, ДУИ го злоупотребува за ширење паника, и прстот го вперува кон судиите кои впрочем се избрани кога тие и СДСМ го имаа владејачкото мнозинство во Парламентот.

Да интервенираат кај судии кои тие ги избраа? Повторувам, судии кои се избрани од мнозинството на СДСМ и ДУИ? Шокантно, рече премиерот.

Деновиве пропадна уште обид на интегративците да најдат закрила кај Албанците во регионот и некој да им ги брише солзите што се во опозиција. Студениот туш од косовскиот премиер Албин Курти, кој рече дека дека албанскиот јазик не е под закана во Македонија го налути раководството на ДУИ во време кога од петни жили се обидува да покаже дека позицијата на Албанците во земјава е загрозена.

Реклама

Заострувајќи ја националистичката реторика, лидерот на ДУИ, Ахмети порача дека Охридскиот договор бил постигнат со крвта на мачениците, оживеан од УЧК и немало да толерираат тој да биде погоден.

Се вознемири и поранешниот министер за надворешни работи. За Бујар Османи, ставот на Албин Курти бил штетен и скандалозен, а на меѓувладината седница на Македонија и Косово била легитимирана антиалбанската политика што наводно преовладувала во Македонија.

По ова, реагираа од Коалицијата Вреди. Според нив, Курти кажал горчлива вистина за Законот за јазиците, ама стариот режим преку ширење на паника дека наводно дека албанскиот јазик бил загрозен, само се обидувал да ја избегне одговорноста за нивните злоупотреби.